Производот содржи калциум, кој е добар за развој на децата, или омега-масни киселини, кои влијаат позитивно врз целиот организам. Реклами од ваков тип секојдневно среќаваме на храната што ја консумираме. Од 1 јануари следната година ниту една фирма нема да може да рекламира одредена нутритивна вредност на храната ниту, пак, да објавува дека го подобрува здравјето ако за тоа нема посебно одобрување од Агенцијата за храна. За таа цел веќе е формирана комисија, која ќе ги издава одобренијата за здравствени тврдења на храната. Секоја фирма што има намера да рекламира дека одреден производ има позитивни влијанија врз здравјето на луѓето ќе мора да поднесе барање до комисијата, која ќе одреди дали таа реклама е соодветна за него.
Производот содржи калциум, кој е добар за развој на децата, или омега-масни киселини, кои влијаат позитивно врз целиот организам. Реклами од ваков тип секојдневно среќаваме на храната што ја консумираме.
Од 1 јануари следната година ниту една фирма нема да може да рекламира одредена нутритивна вредност на храната ниту, пак, да објавува дека го подобрува здравјето ако за тоа нема посебно одобрување од Агенцијата за храна. За таа цел веќе е формирана комисија, која ќе ги издава одобренијата за здравствени тврдења на храната.
- Секоја фирма што има намера да рекламира дека одреден производ има позитивни влијанија врз здравјето на луѓето ќе мора да поднесе барање до комисијата, која ќе одреди дали таа реклама е соодветна за него. Ќе се разгледуваат здравствените тврдења, кои се однесуваат на намалување на ризикот од болест или за развој на децата и за нивното здравје. За да биде прифатено одредено барање, освен другата документација, производот мора да има и клиничка студија, која е доказ за рекламата - велат во Агенцијата за храна.
Од таму објаснуваат дека при одобрувањето многу е битно да се знае целта на тврдењето зошто производот дејствува врз здравјето на луѓето, изборот на зборовите на тврдењето, составот на храната и да има соодветен превод на македонски јазик на тврдењето доколку производот доаѓа од увоз.
- Kомисијата ќе ги прифаќа сите барања на фирмите што увезуваат ваква храна, а кои веќе имаат одобрување за продажба во Европската Унија. Но, ќе се издаваат и нови одобрувања на ваков вид храна, која е произведена надвор од Унијата и во земјава - објаснуваат во Агенцијата.
Списокот со здравствените тврдења за одреден производ ќе се објавува постојано на веб-страницата на Агенцијата за храна, а ќе има и посебен список за поднесени и неодобрени тврдења.
За нив ќе се објавува и причината поради која не добиле дозвола за реклама на одредена храна.
Според истиот правилник, цела храна што се произведува и се увезува во земјава, освен составот што го има на декларацијата, мора да има нутритивна вредност. Во оваа група не влегуваат само производите што доаѓаат на пазарот во рефусна состојба, овошјето, зеленчукот и лебот.
- Досега законски беше регулирано само давањето на задолжителните нутритивни информации за потрошувачите што се однесуваат на нутритивниот состав на производот, информации за потеклото на производот, податоци за производителот или увозникот, рокот на употреба и слично. Истакнувањето на нутритивните и на здравствените тврдења не е обврзувачко за операторите со храна, но ако операторот реши да ги употреби во комерцијални цели, мора да се обрати до Kомисијата - велат експертите.
Наши фирми на агросаем во Москва
На Саемот за свежо овошје и зеленчук во Москва годинава учествуваат 12 македонски агрокомпании со поддршка од Министерството за земјоделство. Министерот Љупчо Димовски вчера го посети македонскиот штанд на саемот и се сретна со изложувачите.
- Ваквите саеми претставуваат одлична можност за стопанствениците за остварување деловни контакти, а ние ќе продолжиме да ги поддржува настапите на македонските фирми на поголемите и поважните саеми за земјоделство и храна - изјави Димовски.